Amina Zorniç
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
МУШ (AA) - Патувајќи преку планинските патишта во областа Муш, во Источна Турција, фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) ги пресретна жителите на селото Јукари Јонгали, кои ги завеал снег овие денови.
Дебелината на снежната покривка во некои делови од Јукари Јонгали надминува еден метар.
И покрај невремето, тамошните пастири преку непроодни патишта се пробиваат низ дебелиот снежен слој, од страв нивните стада кози да не бидат нападнати од волци.
Стотина жители на ова село, отсечени од другите места, со големи санки ги превезуваат потребните намирници.
Од ова село сместено во височините на планината, се открива поглед кон големата долина на градот Муш, исполнета со магла, и на околните планински врвови.