Kaan Bozdoğan
08 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот Реџеп Таип Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се состана со рускиот претседател Владимир Путин, кој се наоѓа во Истанбул по повод отворањето на гасоводот „Турски тек“, со кој рускиот природен гас ќе се пренесе во Турција, и преку Турција во Европа.
Средбата помеѓу двајцата лидери се одржа во Конгресниот центар „Халич“ и траеше 1 час и 35 минути.