Muhammed Nuri Erdoğan,Nursema Şahin
13 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
АНКАРА (AA) - МУХАМЕД НУРИ ЕРДОГАН -
Осман Каплан, својата работилница за обработка на дрво во Анкара ја приспособил на мачки кои наскоро на светот ќе донесат мачиња.
Каплан на идните мајки им обезбедил сместување, како и играчки за да можат да го привлечат вниманието на мачињата.
Често објавите и вестите за новите членови на семејството ги споделува на социјалните мрежи, а позитивните реакции не престануваат да пристигнуваат.
Освен што внимателно се грижи за исхраната на напуштените животни, Каплан воедно настојува да обезбеди храна и за повредени животни.
Во разговор за Anadolu Agency (AA) рече дека за мачките се грижи додека не наполнат два месеца, а потоа им бара нов дом.
Додаде дека за напуштените животни во својата работилница се грижи веќе две години.
Претходно и во куќата се грижел за напуштените животни.
„Се грижев за напуштените животни колку што можев. Тогаш забележав дека нешто недостига. На улица имаше многу бремени мачки и кучиња, кои своите мали на светот ги донесуваа на улица или под дрво, поради што умираа. Сакав тоа да го сменам и работилницата ја претворив во место во кое можат сигурно да се омачат“, рече Каплан.
Додаде дека се грижи за бремените мачки, за нивните мачиња по омачувањето, и дека доколку животното се разболи, го носи и на ветеринар. Исто така, животните ги води и на кастрација.
Неговиот ден почнува и со грижата за напуштените животни и во работилницата направил низа предмети за овие животни да продолжат да живеат во сигурна средина.
Додаде и дека за мачињата кои на светот доаѓаат во неговата работилница, бара сигурен дом.
„Откако мачињата ќе пораснат, им ги давам на доверливи лица. Потоа бараме фотографии и видеозаписи еднаш месечно или на секои 15 дена. Тоа е многу важно за нас“, рече Каплан.