Ekipa
13 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
АГРИ (АА) - СИТКИ ЈИЛДИЗ/ХУСЕИН ЈИЛДИЗ -
Со намалување на нивото на водата во вештачкото езеро во источната турска покраина Агри, „исплови“ некогашното село Башчавуш, потопено со изградбата на брана во 1990-тите години, пишува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА забележа кадри од намалувањето на нивото на водата во езерото на браната „Јазиџи“ за околу 5 метри.

Најпрвин на површината се покажа целото минаре од селската џамија, а потоа и остатоци на останатите објекти.
Некогашните жители на селото го посетуваат местото и евоцираат спомени од некогашната зграда на амбулантата, од други објекти и од мостот.
Оваа локација, исто така е интересна за вљубениците во фотографијата, како и за бројни туристи кои доаѓаат со цел да ги видат остатоците на селото, но и да ги слушаат приказните на некогашните мештани.