Övünç Kutlu
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Во Истанбул денеска е одржана церемонија на пуштање во работа на делницата на гасоводот „Турски тек“, а турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, изјави дека тоа е визионерски проект и симбол на турско-руската соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата во Истанбул присуствуваа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, неговиот руски колега Владимир Путин и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, како и голем број други официјални претставници и гости.
„Ова е проект кој е од корист за Турција, Русија и за милиони луѓе во Европа, бидејќи придонесува за стабилност во регионот и на енергетскиот пазар“, изјави турскиот министер за ресор, Донмез.
Тој, исто така изјави дека регионот на Анадолија ќе ги спои источниот и западниот дел на светот во енергетска смисла.
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, истакна дека „Турски тек“ додатно ќе ги зближи земјите партнери во тој проект.
„Ова е пионерски и единствен проект. Не само што ќе го обезбеди турско-енергетскиот пазар, туку и јужниот и југоисточниот дел на Европа“, изјави Новак.
„Турски тек“ е мегапроект кој се состои од два крака на гасоводот со кој турскиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа.
Секоја линија на гасоводот „Турски тек“ одделно има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, што претставува вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија, што има ист капацитет, гасот ќе се пренесува во Европа.