Alper Korkmaz
15 Јули 2023•Ажурирај: 19 Јули 2023
Во рамките на 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, во големата џамија Аја Софија, во Истанбул, се одржа комеморативна програма по повод годишнината од неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули 2016 година во Туркије, јавува Анадолу.
Програмата по повод годишнината од обидот за државен удар извршен од страна на терористичката организација ФЕТО беше организирана од страна на Гувернерството на Истанбул и Регионалната дирекција на фондации во Истанбул.
Во оваа програма учествуваа гувернерот на Истанбул, Давут Шул, началникот на Полициската дирекција во Истанбул, Зафер Акташ, воени претставници, претседателот на здружението „15 јули“, Исмаил Хаки Турунч, како и други претставници.
Слични програми се одржаа и во голем број џамии во Истанбул.