Göksel Yıldırım
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во соработка со Разузнавачката агенција, припадницитте на турската гранична полиција во Истанбул запленија повеќе од илјада часовници на познатите светски брендови и вкупна вредност од 170 милиони лири (51,63 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за трговија и граници на Република Турција соопшти дека припадниците на Одделот за борбата против криумчарења при граничната полиција и разузнавачката служба го следеле доаѓањето на сомнителниот контејнер кој една фирма планирала да го воведе од странство во Турција.
Со тајната акција е следена процедурата на приемот на контејнерот во пристаништето Амбарли во Истанбул, а притоа е извршен увид во царинските и даночните хартии во кои е наведено дека фирмата во контејнерот од странство увезува 1,200 дупчалки за хартија.
Со накнадна инспекција и преглед во контејнерот пронајдени се 28,660 рачни, 175 ѕидни часовници и 3,800 кутии за часовници.
Сите пронајдени примероци беа оригинални производи на светските познати брендови со вкупна продажна вредност од 170 милиони лири, односно околу 51,63 милиони евра.
Полиција заплени криумчарени часовници, а обвинителството покрена обвинение против осум лица осомничени дека учествувале во обид за криумчарење.