Hasan Hüseyin Kulaoğlu,Mücahit Türetken,Halil Demir
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Во рушењето на празната шесткатна зграда во истанбулската населба Зејтинбурну, загина 60. годишен минувач и петгодишно дете, а повредени се 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Телата на Мехмет Акбас (60) и Мехмет Озденер (5) се извлечени под урнатините. Братот близнак на петгодишното дете, Ахмет Озденер е повреден и згрижен е во болница.
Зградата која од сеуште неутврдени причини се урна денеска во Истанбул беше испразнета во декември 2015 година, а во план на локалните власти беше и нејзино уривање.
До рушење на објектот дојде во попладневните часови, а на местото на настанот беа упатени голем број екипи на итна медицинска помош и противпожарникарни тимови.
Повредените лица се згрижени во блиските болници.
Како што јавува новинарот на Anadolu Agency (AA), истанбулските пожарникари се на местото на настанот и работат на отстранување на остатоците, а ангажирани се и 17 возила и 55 пожарникари.
Екипите на полициските единици за потрага и спасување, со помош на кучиња трагачи ги пребаруваат урнатините со цел да пронајдат лица кои можеби се заглавени под урнатините.