Ali Bayaslan
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција доцна синоќа во акцијата која ја спроведе успеа да совлада две осомничени лица кои на главниот влез на аеродромот во Истанбул „Ататурк", се обидоа да ја избегнат полициската контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на главниот влез на аеродромот „ Ататурк" доцна синоќа се обидела да стопира две сомнителни лица на мотоцикл, кои подоцна се обиделе да избегаат.
Полицијата употреби неколку истрели од огнено оружје, по што сомнителните лица скокнаа од моторот и продолжија да трчаат кон терминалот на аеродромот.
Аеродромот на кратко беше затворен, а полицијата со експлозиви ја неутрализираше сомнителната торба која беше на моторот.
Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин изјави дека полициската акција против осомничените кои се обиделе да ја избегнат контролата, била успешно завршена и дека работата на аеродромот се одвива непречено.