Güç Gönel
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес попладне му издаде налог на истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, Големата џамија Аja Софија (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) да биде отворена за молитва 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја оваа вест ја објави на социјалната мрежа Твитер:
„Почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган издаде налог Големата џамија Аја Софија од денес да биде отворена 24 часа за молитва. Аја Софија секогаш ќе биде отворена 24 часа. Му се заблагодаруваме на нашиот претседател“.
Со присуство на околу 350.000 верници, со клањање на првата петочна молитва (џума-намаз) по 86 години, денес повторно за молитва е отворена истанбулската џамија Аја Софија.
Турскиот суд на 10 јули ја поништи одлуката на некогашната Влада на таа земја со која на 24 ноември во 1934 година на Аја Софија е доделен статус на музеј. Со чинот на поништување на споменатата одлука, на Аја Софија и е вратен статус на џамија.