Halil Demir
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - За безбедноста на дводневниот Светски хуманитарен самит кој се одржува во Истанбул, за безбедноста беа задолжени 8.000 полицајци, 200 припадници на специјалните единици, два полицики хеликоптери, четири чамци и 33 експерти на контрадиверзионата заштита, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот Светски хуманитарен самит, чиј домаќин е Турција, започна во понеделник 23-ти мај, а се одржува и денес.
Според наведувањата од полициската управа во Истанбул, преземени се високи безбедносни мерки со цел Самитот, на кој присуствуваа 27 претседатели, 26 премиери, 130 министри од 116 земји, да се одвива во најдобар ред.
Тој важен собир се одржува во време кога миграциите се масовни, кога луѓето ширум светот се соочуваат со интензивни хуманитарни кризи, а домаќин е Турција, земја која според наодите на службеникот на ОН, прими повеќе од три милиони бегалци од Сирија и Ирак.