Tansel Parlak
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Седум студенти се повредени во експлозија на минибус во населбата Пендик во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека експлозијата се случи на автопат на азиската страна на Истанбул, на патот кон Аеродромот Сабиха Ѓокчен.
Минибусот кој е оштетен во експлозијата е во сопственост на еден приватен универзитет во Истанбул.
Полицијата наведе дека сеуште не е позната причината за експлозијата.
Возачот на минибусот наводно по експлозијата изгубил контрола над возилото, при што удрил во банкините.
Постои можност дека до експлозијата дошло поради технички квар на минибусот.