Selami Küçükoğlu
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Спасено е кучето што падна во бунар длабок 70 метри и широк 30 сантиметри во населбата Бејкоз, Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
По јавувањето на жителите дека куче паднало во бунар, беше започната спасувачка операција, во која се придружи и тимот што се занимава со роботика, од средното училиште за наука и технологија Бахчешехир. По 11-дневна операција, кучено беше извадено од бунарот.
Учениците од средното училиште се придружија во спасувачката операција со изработените роботски раце и го снимија процесот на спасувањето.
Кучето беше спасено по 3-часовниот напор на учениците и утврдено е дека е здраво.
По добиената пријава од страна на жителите дека куче од расата „кангал“ паднало во бунар длабок 70 метри и широк 30 сантиметри во населбата Бејкоз, во Истанубул, беше спроведена 11-деновна спасувачка операција во којашто учествуваа Дирекцијата за катастрофи и итни случаи (АФАД), пожарникари, тимовите на општината, како и активисти за правата на животните.