Sıtkı Yıldız
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АГРИ (АА) - Во градот Агри, Турција, објавена е книга под наслов „Ноевата арка, откритието на векот“, на турските автори Еркан Коседаг и Џем Сертесен кои изнесуваат интересни податоци и тврдења за можното место на коешто се наоѓа Ноевата арка, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако научниците од целиот свет со векови дискутираат за оваа тема, сè уште не е со точност утврдено каде се наоѓа оваа таинствена арка.
Инаку, по земјотресот во 1949 година, во близина на селото Телчекер, во Агри се појавија необични остатоци за кои некои научници тврдат дека припаѓаат на Ноевата арка.
Многу научници престојуваа таму со денови и месеци, со цел да се обидат да утврдат за што станува збор.
Меѓу нив се и Коседаг и Сертесен, кои во својата книга изнесуваат исклучително интересни податоци од, како што велат, трите големи свети книги.
Тие истакнуваат дека во сите три свети книги се говори за остатоците што денес се наоѓаат во селото Телчекер во Агри.
„Научниците од целиот свет спроведуваа бројни истражувања на подрачјето на планината Арарат. Во текот на последните 100 години, најголем број истражувања се спроведени на подрачјето попознато како Дурупинар. Остатоците во оваа област се појавиле по земјотресот во 1949 година“, рече Коседаг.
Тој посочи дека од претходните резултати од истражувањата може да се заклучи дека примероците од ридот покажале дека станува збор за материјал кој е многу сличен на железото, за што детално пишуваат во книгата.
„Нашето тврдење е дека арката сигурно се наоѓа на планината Арарат, поради што потребно е и понатаму да се продолжи со истражувањата на ова подрачје“, рече Коседаг.
Нагласи дека остатоците стари и до 4.000 години, кога приближно се верува дека дошло до општ потоп, по што, според Коседаг, на тоа подрачје заринкала Ноевата арка.