Satuk Buğra Kutlugün
05 Септември 2021•Ажурирај: 07 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Професионалниот пилот и каскадер Дарио Коста го собори светскиот рекорд за најдолг лет низ тунел со авион, минувајќи низ двата тунели на автопатот во Северна Мармара во истанбулската област Чаталџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од полетувањето до излезот од вториот тунел помина растојание од 2,26 километри, и за помалку од 44 секунди, Дарио Коста постави сертифициран Гинисов рекорд плус уште четири“, објави Ред Бул на својата официјална веб-страница.
Коста се движеше со просечна брзина од 245 км/час, што ја адаптира низ вториот тунел, за на крајот го прослави Гинисовиот рекорд со маневар.
„Сè се чинеше дека се одвива толку многу брзо, но кога излегов од првиот тунел, авионот почна да се придвижува надесно поради ветровите, а во мојата глава се забави во тој момент. Реагирав и само се фокусирав на враќање на авионот на вистинската патека за да влезам во другиот тунел. Потоа, во мојот ум, сè повторно се забрза“, рече Коста по летот.