Zuhal Demirci
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
АНКАРА
Делегациите на Република Турција и Русија денес одржаа состанок на кој е разговарано за процесот од Астана, Идлиб и последните случувања во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според дипломатски извори, делегацијата на Турција ја предводеше заменик министерот за надворешни работи Седат Онал, а руската делегација ја предводеше специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија, амбасадорот Александар Лаврентјев.
За време на состанокот е разговарано за прашањето на Уставниот одбор за Сирија, ситуацијата во врска со сириските мигранти и раселените лица, како и активностите на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Во септември минатата година е воспоставен Уставниот одбор за Сирија, кој го сочинуваат претставниците на Владата и опозицијата, кои би требале да работат на подготовката на новиот Устав и да го отворат патот кон одржувањето на нови избори во таа земја.