Ekipa
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ИЗМИР (AA) - Министерот за одбрана на Република Турција Фикри Ишик изјави денеска дека силите на Слободната сириска армија со поддршка на турските вооружени сили речиси во потполност го зазеле градот Ал Баб и дека денеска влегоа и во центарот на градот во кој траат акциите на чистење на преостанатите терористички елементи во вид на минско-експлозивни средства, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знаете дека претходно влеговме во Ал Баб, но денес можеме да кажеме дека влеговме и го зазедовме и центарот на градот. Моментално се спроведуваат опсежни операциии на чистење на минско-експлозивните средства. Кога тоа ќе биде завршено, можеме да кажеме дека Ал Баб во потполност е исчистен од сите елементи на ДЕАШ. Не остана уште многу од тоа. Денес тргнавме и во чистењето на мините и експлозивите во самиот центар на градот“, рече Ишик во текот на денешната посета на Измир.
На новинарско прашање за идната операција за ослободување на сирискиот град Рака од терористите на ДЕАШ, Ишик рече дека ставот на Турција од почеток е ист и дека се спротиставува во борбата против една терористичка организација да соработува со некаква друга таква организација.
Од почетокот им говориме на сите сојузници, вклучувајќи ги и САД дека операцијата во Рака треба да се спроведе со Слободната сириска армија и локалните групи, а никако со терористичката организација ПКК/ПЈД. Повеќе од 90 отсто од полулацијата во Рака се Арапи и тие треба да учествуваат во операцијата. Турција во таквата операција со коалициските партнери ќе даде полна поддршка", рече Ишик.