Adem Demir
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин истакна дека се подготвени документите за издавање државјанство за 2.000 сириски семејства од 540.000 квалификувани Сиријци кои престојуваат во Истанбул, и овие документи се поднесени во Министерството за понатамошни процедури, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие документи рутински се подготвуваат. Процедурата беше претходно започната“, истакна Шахин.
Гувернерот Шахин одговараше на прашања на средбата со шефовите на медиумските институции одговорни за вести и информирање.
Одговарајќи на едно прашање, гувернерот Шахин истакна дека во Истанбул се засолнети околу 540.000 Сиријци, и рече: „Почитуваниот претседател и владините претставници објавија дека ќе им се даде државјанство на квалификуваните Сиријци. Досега се подготвени документациите за издавање државјанство за 2.000 сириски семејства, и овие документи биле поднесени во Министерството. Нормално дека со одлуката на Министерството ќе се одлучи за тоа кому ќе му се даде државјанство, а кому не“.
- „Нашето министерство одлучува за тоа“ -
Шахин истакна дека пред 14. април не ќе може да им се издадат лични карти на Сиријците што подготвените документи за издавање државјанство ги поднеле во Анкара, и дека за тоа ќе треба време.
„Овие документи рутински се подготвуваат. Ова е работа што беше започната порано. Како што соопшти и нашиот вицепремер, Вејси Кајнак, се чини дека за процедурата на овие документи ќе треба време. За тоа кога ќе се случи, ќе одлучи нашето министерство“, рече Шахин.
Гувернерот Шахин истакна дека се спроведуваат активности во врска со лицата кои нелегално престојуваат во Истанбул, и нагласи: „Се соочуваме со низа проблеми, од нивниот престој, па сѐ до нивната работа. Имавме потреба тие да бидат идентификувани со цел да се решат овие проблеми. Спроведуваме активности во врска со тоа да ги идентификуваме. Инаку не постои некоја друга намена на ова идентификување за странците што живеат во Истанбул“.
- Се спроведуваат активности за зголемување на бројот на туристите -
Гувернерот Шахин нагласи дека се спроведуваат активности за зголемување на бројот на туристите во Истанбул и во Турција. „Одржана е средба на која учествуваа претставници на Општина Истанбул, Стопанската комора на Истанбул, како и претставници на надлежните институции. На дневен ред беше прашањето дали можеме да ги угостиме за ден или два транзитните туристи што преку „Туркиш ерлајнс“ доаѓаат во Истанбул. Каков може да биде ефектот од нивното гостување тука? Обично беа предложени позитивни мислења“, истакна тој.
Шахин истакна дека целта е да се направат некои промоции за подобро промовирање и подобро запознавање на Турција. Тој рече дека туризмот во градот и во државата ќе се доведе на повисоко ниво кога туристите што во рамките на овие промоции подобро ќе бидат информирани за Истанбул и за Турција, и со овие информации подобро ќе ја претстават нашата држава во сопствените земји.
Гувернерот Шахин укажа дека со цел да се зголеми бројот на туристите, ќе бидат организирани промоции во кои ќе биде вклучено и бесплатно сместување од 1 до 2 дена, како и туристички прошетки низ градот. „Во план е да се направи еден пакет. Во пакетот се вклучени хотели и патувања. Но дали ова ќе биде како пакет-аранжман или нешто друго, ќе стане јасно во наредните денови. Ова ќе го разјасниме на средбите и се надеваме дека наскоро ќе ја спроведеме оваа кампања“, вели тој.