Faruk Zorlu,Havva Kara Aydın
12 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека враќањето на сириските белгаци во безбедносната зона ќе се одвива во согласност со три главни критериуми на Обединетите нации (ОН), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето пред новинарите по состанокот на турскиот кабинет во Анкара, Калин на прашањето за можно враќање на сириските белгалци во безбедносната зона во Сирија рече дека е битно да се гарантира „сигурно, доброволно и непрчено враќање".
Нагласи и дека на неговата земја уште не ѝ пристигнало никакво официјално барање на Либија за турските трупи, изразувајќи надеж дека воопшто нема да има потреба за таков чекор.
Додаде исто така дека програмата на американските борбени авиони F-35 стана домашно политичко прашање на САД и веќе не станува збор само за техничко или одбранбено прашање.
Официјален Вашингтон тврди дека набавката на рускиот систем S-400 ќе ја загрози турската позиција во проектот на воените авиони F-35. Американската администрација во јули ја отстрани Турција од заедничката програма на борбениот авион од петтата генерација F-35.