Handan Kazancı
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Турското претседателство, Ибрахим Калин, изјави дека со одбележувањето на 2. годишнина од неуспешниот обид за државен удар, кој се случи на 15 јули 2016 година, Турција сега во рамките на сосема нов систем на владеење, само станала посилна земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин за весникот „Дејли Сабах“, напиша: „Две години по грозоморниот напад кој се случи во ноќта на 15 јули, Турција со новиот претседателски систем на владеење, станува посилна, поотпорна и поефективна.“
ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен стојат зад обидот за државен удар во Турција, кој се случи на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои зад долготрајната кампања за рушење на државата преку инфилтрација во турските институции, посебно во Војската, полицијата и правосудството.
„Денес, ѓуленистичката инвазија на срцата и умовите на чесните и вредни Турци, заврши целосно. Ја прекинавме опсадата на ФЕТО врз нашите јавни институции и граѓанското општество“, напиша Калин.
Калин, исто така зборуваше и за чекорите преземени од Турција, со цел спречување на операциите на ФЕТО „под маската на образованието“, бидејќи таа, исто така има значително присуство во странство, вклучувајќи ги и приватните образовни институции кои служат како прилив на приходи за терористичката група.
„Особено турската Фондација „Маариф“ има задача за враќање на нашите училишта во странство и создавање нови образовни институции пошироко, со цел да се обезбеди нашата земја да остане земја која ветува надеж“, напиша тој.
„Маариф“ ја презеде администрацијата на поранешните училишта поврзани со ФЕТО во десетици земји.
„Исто така, странските влади имаат развиено подобро разбирање за тоа колку сериозно Турција го зема ова прашање, како и начините на кои Ѓулен и неговите поданици може да ја стават на ризик безбедноста на земјите домаќини. Непотребно е да се каже дека нашите напори да ги изведеме сторителите на неуспешниот обид за пуч на суд, ќе продолжат со посветеност“, додаде тој.
Калин, исто така, се пожали дека совршено разумните напори на Турција за елиминирање на заканата од друг обид за државен удар, биле извадени од контекст од страна на западните новинари, што создаде голем јаз меѓу медиумското покривање и фактите на терен.
„Во суштина, вонредната состојба, која претставува уставен механизам за заштита на нашата демократија од најсериозните закани, не влијаеше врз секојдневниот живот на обичните граѓани“, појасни тој.