„Турција нема проблем со Курдите во Сирија, проблем се терористичките организации"
„Турција нема проблем ниту со Курдите во Турција, Ирак, Иран, всушност ние немаме проблем со било кој државјанин Курд во регионов и светот или со народите од регионот.Ние имаме проблем со ПКК,имаме проблем со терористичките организации", изјави КалинCüneyt Ateş
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
AНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјави дека Турција остро ги осудува обидите на некои кругови офанзивата „Штитот на Еуфрат" покрената на северот на Сирија, чија основна цел е неутрализација на терористичките елементи, да ја прикажат како офанзива против сириските Курди и како операција со која се блокираат курдските интереси во тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема збор за такво нешто. Турција нема никакви проблеми со сириските Курди. Турција нема проблем ниту со Курдите во Турција, Ирак, Иран, всушност ние немаме проблем со било кој државјанин Курд во регионов и светот или со народите од регионот. Ние имаме проблем со ПКК, имаме проблем со терористичките организации", изјави Калин денес во Анкара.