Behçet Alkan
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Бехчет Алкан - Летањето со балон во Кападокија, Турција, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, каде што се спојува убавината на природата и богатото историско наследство, е посебно доживување за туристите кои го посетуваат ова место, пишува Anadolu Agency (AA).
Меѓу 150 пилоти има и седум жени.
Инаку, временските услови во тоа подрачје дозволуваат да се лета со балон околу 300 дена во годината.
Во градот Гореме живеат 2.100 жители. Се случува од изутрина на небото да летаат и до 100 балони. Секој балон може да вози до 20 лица. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи. Од нив, околу 250.000 не го пропуштаат летањето со балон.
Со оваа атракција во Кападокија се занимаваат околу 25 фирми во кои работат околу 150 пилоти. Жените пилоти, како и нивните колеги во раните утрински часови се подготвуваат за работниот ден.
Со првите сончеви зраци се привршуваат последните подготовки за уште едно живописно патување низ Кападокија, во која геолошки се формирани прекрасни форми кои наликуваат на бели оџаци. Во текот на историјата во кападокија трага оставиле бројни цивилизации градејќи кучи во карпите и претворајќи ги во ремек дела на цивилизацијата.
Мелтем Оздем (26) две години работи како пилот. Како што кажа, имала голема желба да стане пилот на авион, меѓутоа, по завршувањето на вишо училиште во Кападокија, почнала да управува со балон.
Летањето ѝ дава слобода и мир. За неа е големо уживање тоа што секојдневно запознава нови луѓе и го набљудува изгревањето на Сонцето.
„Раѓањето на новиот ден го набљудувам од високо. Слободни сте, горе сте високо и секојдневно запознавате нови, поинакви луѓе“, раскажува Оздем.
Според неа, ова е професија која би ја препорачала на сите жени.
„Станувате во раните утрински часови, работите, но по едночасовниот лет имате цел ден за себе. Тоа е убавината на оваа работа“, порача Оздем.
Туристите кои ги води на ова необично патување со балон ѝ честитаат за изборот на работата.
И 25-годишната Сабире Балтаџи веќе шест години работи како пилот на балон. И таа, како и Оздем, им препорачува на жените да ја изберат оваа професија.