Yeşim Sert Karaaslan
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, на 101. редовен Конгрес по вторпат беше избран за челник на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Црвената полумесечина се наведува дека заседавањето се одржало под слоганот „Црвената полумесечина расте, заедницата зајакнува“, со присуство на турскиот потпретседател Фуат Октај.
Киник, добивајќи ја довербата на сите 700 делегати, по вторпат беше избран за претседател на Црвената полумесечина на Турција.
Тој им се заблагодари на делегатите за укажаната доверба и додаде дека Црвената полумесечина има историја долга 150 години.
„Им се заблагодарувам на сите припадници на Црвената полумесечина кои го полеваат ова дрво на добрината, кои со својата работа го прават ова дрво посилно“, истакна Киник и изрази надеж дека ќе продолжи по истиот пат.
Тој додаде дека се свесни за одговорноста што ја носат на рамениците.
„Ќе ги подобриме услугите на Црвената полумесечина“, рече Киник.
На заседавањето се избрани и членовите на новиот Управен и Надзорен одбор.