Barış Gündoğan
28 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
АНКАРА (АА) – Претседателот на Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, објави порака на сочувство за загинатите војници во Идлиб во нападот на режимските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Киличдароглу во објавата на Твитер напиша: „Нашето срце е повредено од горчливите вести од нашиот гувернер на Хатај. На загинатите војници им посакувам Божја милост, а на нивните семејства и нашиот народ сочувство и трпеливост. Господ нека ги чува нашите војници.“