Cemal Coşkun
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на опозициската Репубиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во своето обраќање на „Митингот за демократија и загинатите херои” кој се оддржува во Истанбул, обидот за државен удар го окфалифукува како „најкрвав обид за државен удар во историјата на Републиката". јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е најкрвав обид за државен удар во историјата на Републиката. Имаме 240 загинати херои, наши херои кои ги погребавме и од Господ бараме милост за душата на овие 240 загинати херои. Имаат место на златните страници во историјата на демократијата. Нема да ги заборавиме, нема да дозволиме да бидат заборавени, тие се јунаци на демократијата", рече Киличдароглу.