Mehmet Çetin
02 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
КАРАМАН
- Мехмет ЧЕТИН
Парковите и градините во 11 земји од светот ги разубавуваат лалињата чии луковици се произведени во градината за лалињата во селото Кизилкују во подрачјето Ќазимкарабекир на турската област Караман.
Латиф Атеш, кој долго време работел во производството на луковици на лале во Холандија, по враќањето во Турција во 2015 година, одлучи да основа градина со лалиња во селото во кое е роден и израснат.
Атеш со својата фирма, со која веќе 6 години произведува лалиња и обезбедува вработување за многу земјоделски работници, продолжува да обезбедува дополнителна вредност за својата земја.
Мерт Дургут, одговорно лице во компанијата за производство на луковици на лале, во разговор со новинарот на Агенција Анадолија (АА) изјави дека целото нивно производство е засновано врз домашен и национален капитал.
Зборувајќи дека секоја година ја зголемуваат површината за садење, Дургут објасни дека оваа година засадиле површина од 40 декари.
„80% од производството се луковици на лале, додека преостанатата површина е засадена со луковици на растенија како што се зумбули и нарциси. 80% од производството го испраќаме во речиси 200 обласи и дистрикти и ланец на продавници во Турција, додека преостанатите 20% ги испраќаме во 11 земји. Нашите производишто ги извезуваме заминуваат во земјите на Блискиот Исток и на турските републики“, рече Дургут.
Подвлекувајќи дека не прифаќаат посетители во последните две години, Дургут го истакна следното:
„Оваа година полињата што ги засадивме се наоѓаат покрај патот. Луѓето и покрај забраната, сакаат да излезат од своите возила и да прошетаат низ градината. Без да ги навредиме, ги предупредуваме и испраќаме. Членови на аматерски и професионални фотографски здруженија на Турција доаѓаат да фотографираат и да ја овековечат оваа убавина. Слушаме дека фотографиите направени тука добиле награди на многу важни натпревари. Тоа нè радува. Оваа градина со лалиња значително ја зголеми препознатливоста на регионот. Пријатно е чувството да знаеш дека придонесуваш во развојот на регионалниот туризам.“
- „Фактот дека производството на лалиња е во Караман не прави многу среќни“
Мехмет Бајрам, претседателот на земјоделската комора во Караман, истакнувајќи дека производството на луковици на лале во Караман, кое е познато по производството на јаболка и жито, е многу важно од аспект на разновидноста на производите во оваа турска област, го рече следното: „Нашите полиња со лалиња се визуелен празник. Многу нè радува што производството на лалиња е во Караман. Овие лалиња ги красат парковите и градините на областите и дистриктите во поголемиот дел од нашата земја. Се гордееме со тоа. Горд сум што лалињата, кои ѝ ги подаривме на Холандија со свои раце во 15 век, повторно почнаа да се произведуваат во нашата земја и станаа бренд.“
Ахмет Демир, градоначалникот на општина Ѓунејсинир во турската област Коња, изјавувајќи дека жените коишто живеат во близина на нивниот округ имаат можност за работа во градината со лалиња, го додаде следното „Кога тука цветаат лалињата, во нашиот дистрикт доаѓа до одредена раздвиженост. Оние што доаѓаат поради градините со лалиња, сакаат да го видат и нашиот дистрикт.“