Mustafa Bayer
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АФЈОНКАРАХИСАР
Озан Џејлан, параглајдер од Афјонкарахисар, дури и на надморска височина од 1.500 метри од Мртво Море, Фетије, направи турско кафе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џејлан со параглајдерство се занимава околу три години. Тој реализираше летови во различни денови и времиња во различни региони на Турција.
Искористувајќи го поволното време, минатиот викенд Џејлан полета од планината Бабадаг кон светски познатото Мртво Море во областа Фетије во Мугла.
Џејлан за време на летот на надморска височина од 1.500 метри си направил турско кафе на боцата што ја користат планинарите.
Потоа, Џејлан, пиејќи турско кафе, летот го продолжи уживајќи во прекрасната убавина на Мртво Море. Џејлан овие моменти ги сними со својата камера.