Ali Rıza Akkır
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
МУГЛА
Бил Гејтс ги посетува турските живописни плажи во Фетије на крајбрежјето на Егејското Море.
Основачот на „Мајкрософт“ пристигна во турскиот град Фетије со луксузна јахта „Лана“, 107 метри долга и 16 метри широка, со знаме на Камајските Острови.
Јахтата е опремена со вежбалница, џакузи, базен, опрема за водни спортови и стабилизатори за да се минимализира ефектот на движењето.

Фетије е познато по своето природно пристаниште, сини води и бројни карпести гробници, вклучително и карпестата гробница на Аминтас од 4 век пред нашата ера, исклесана во карпа со поглед кон градот. Градот е исто така дом на добро познати знаменитости, како што е плажата на Мртво Море засолнета со лагуна и Долината на пеперутките.
Гејтс беше во Измир во петокот за да го посети античкиот град Ефес и Домот на Дева Марија.
Подоцна, во неделата, тој го посети и турскиот познат туристички град Бодрум, во југозападниот дел на Турција.