Sibel Kurtoğlu
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар: „На 15 јули, илегалната чета, терористичката оганизација ФЕТО, коja се инфилтрирала во сите институции и здруженија во нашата држава и во турските вооружени сили, направија нешто што не е видено во нашата историја. Направија нашата татковина, нашиот народ и Република да го доживеат ова понижување и срам и ја зацрнија честа на турските вооружени сили. Во насока на директивите дадени од високото политичко лидерство, нашиот благороден народ, вие, турските вооружени сили и припадниците на полицијата, спротивставувајќи се херојски, го запреа овој обид за удар. Без колебливост им се даде заслужената казна на подлеците што извршија предавство на турските вооружени сили и на народот. Предавниците што направија Република Турција и турските вооружени сили полни со чест, да го доживеат овој голем срам, ќе бидат најтешко казнети. Никој да не се сомнева во тоа“.