Aybüke İnal Kamacı
08 Јули 2026•Ажурирано: 08 Јули 2026
Странските новинари кои пристигнаа во главниот град на Турција, Анкара, за да го следат 36. Самит на шефови на држави и влади на НАТО, покажаа голем интерес за мачките ангорки во Претседателската национална библиотека, јавува Анадолу.
Меѓународниот медиумски центар, формиран во Претседателската национална библиотека, во рамките на 36. Самит на шефови на држави и влади на НАТО беше домаќин на новинарите кои од сите делови на светот пристигнаа во Анкара.
Новинарите, меѓу кои репортери, фоторепортери, сниматели, како и претставници на дигитални медиуми и меѓународни медиумски организации, преку екраните поставени во работните простории одблизу ги следат случувањата поврзани со самитот.
Мачката ангорка „Локум“ и нејзиното маче „Акиз“ во библиотеката беа донесени во просторот каде што престојуваат домашните и странските новинари.
Мачето, кое привлече внимание со своето полудолго влакно на белото крзно, разнобојните очи и симпатичното однесување, за кратко време стана центар на вниманието на новинарите. Голем број новинари се фотографираа со мачето.
Исто така, во делот за послужување на Медиумскиот центар се служат јадења карактеристични за различни региони на Турција, како и традиционални десерти.
Покрај тоа, на новинарите им се нудеше и традиционален сладолед од турскиот град Кахраманмараш, подготвен од мајстори според традиционална рецептура.