Levent Kişi
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Во турскиот град Анталија одржан е Меѓународен маратон „Рунатолија“ (Runatolia), во рамките на кој учесничките трчаа на штикли, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е 13. маратон во кој оваа година учествуваа 23 жени. Поддршка им пружија нивните сопрузи и деца. Жените трчаа 100 километри во штикли високи најмалку пет и широки 1,5 сантиметри.
Прва беше Ебру Полат, втора Семра Пекилмаз, а трето место освои Дурду Екинџи.
Наградата за прво место е 2.000 турски лири, второ 1.500 а трето 1.000 лири. Победничката Ебру Полат по церемонијата на доделување на награди изјави дека прв пат на овој мараток облекла штикли и дека поради тоа и било многу тешко.