Enes Duran
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипите на Царинската управа при турското Министерство за царина и трговија, во камион во пристаништето Ро-Ро Пендик, Истанбул, фатија седум мигранти со потекло од Ирак, кои замотани во алуминиумска фолија се обиделе илегално да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се наведува дека камионот натоварен со пластични автоделови, врз основа на сомневање на цариникот на Управата во Истанбул, бил подложен на скенирање. Камионот требало да оди во Италија.
При контролата е утврдена неправилност во врска со товарот кој бил во камионот, по што е упатен во хангар за детален претрес.
Таму биле пронајдени седум мигранти, прекриени со алимуниумска фолија со цел да избегнат да бидат откриени преку детекторот. Мигрантите со потекло од Ирак се приведени, а против нив и возачот E.M. е покрената истрага.