Fuat Kabakcı
08 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије (Турција), Мевлут Чавушоглу, се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу со Лавров, кој допатува во Туркије на работна посета, се сретна во Претседателскиот комплекс во Анкара.
Во рамките на посетата, покрај билатералните односи и регионалните прашања, се дискутира и за безбедниот транспорт на танкерите за жито во Црното Море, безбеден влез и излез во Црното Море и пристаништата, и загриженоста на Русија и Украина во однос на овие прашања.