Ömer Yıldız
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
АДАНА (АА) - Најмалку 10 странски државјани се приведени денеска во операција против терористичката организација ДЕАШ во турската јужна област Адана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Полицијата започна операции за фаќање на осомничените за кои смета дека имаат поврзаност со ДЕАШ во Сирија“, рекоа безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни.
Осомничените беа приведени на различни локации низ Адана.
Туркије беше една од првите земји што ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени повеќе напади од страна на терористичката организација ДЕАШ, и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.