Meltem Yılmaz
26 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ТРАБЗОН (АА) - Амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Sвонко Муцунски, истакна дека обемот на трговска размена меѓу Турција и Северна Македонија кој во моментот изнесува 500 милиони евра, се има за цел да се зголеми на 1 милијарда евра во наредните 5 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Муцунски го посети турскиот град Трабзон, каде што имаше средба со гувернерот на Трабзон, Исмаил Устаоглу.
Амбасадорот Муцунски нагласи дека Северна Македонија има одлични односи со Турција.
„Имаме блиски односи и сме братски народи. Во минатото постои 500-годишно животно искуство. Денес ги гледаме резултатите на овие односи“, рече тој и додаде дека двата народа имаат заедничка основа од аспект на културата и традицијата.
„Обемот на трговска размена меѓу двете земји кој моментално изнесува 500 милиони евра, имаме цел да го зголемиме на 1 милијарда евра. Заедно уште повеќе ќе ги развиеме нашите постоечки односи во различни области како образование, туризам и трговија“, додаде Муцунски.
Од друга страна, гувернерот Устаоглу укажа на односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека двете земји имаат заедничка судбина од 500 години.
„Како две земји, во историјата се гради заедничка цивилизација и култура. Меѓу граѓаните на двете земји постои многу убав духовен мост. Ваквите заемни посети ќе придонесат во зајакнување на оваа врска, како и за развојот на нашите односи во областа на трговијата и културата. Заедно ќе вложиме напор за развивање на односите меѓу Турција и Северна Македонија“, додаде Устаоглу.