Fatma Nur Duman
06 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Здружението за солидарност и соработка „Џиханума“, во партнерство со Агенција Анадолу, ќе биде домаќин на Истанбулски форум 2024 во Истанбул од 13 до 15 декември, јавува Анадолу.
На форумот во Конгресниот центар на Универзитетот Халич ќе присуствуваат голем број припадници на академската фела, интелектуалци и активисти за да разговараат за предизвиците со кои се соочува муслиманскиот свет.
Риза Јорулмаз, претседателот на здружението, изјави дека Туркије игра клучна улога како „светилник на надеж за исламскиот свет и угнетените нации“.
Настанот ќе се фокусира на „Современата исламска мисла и исламскиот свет“, а се однесува на клучните прашања, како што се владеењето засновано врз знаење, надминувањето на глобалните предизвици и обезбедувањето правда, рече професорот Ебубекир Џејлан.
Тој нагласи дека цел на форумот е пронаоѓање остварливи решенија и патокази за муслиманските општества.
Форумот е дел од пошироката иницијатива на здружението да придонесе во креирањето политики преку симпозиумите и работилниците што ги одржува последниве години.