Jeyhun Aliyev
08 Април 2021•Ажурирај: 08 Април 2021
АНКАРА
Најмалку 10 терористи се неутрализирани од вчера во заедничка операција на жандармериските тимови и полициските сили на југоисточниот дел на Турција, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу на Твитер објави дека терористите, вклучувајќи еден од црвената листа и потерница на Министерството за внатрешни работи, се неутрализирани за време на судирите на планината Домуз во состав на антитерористичката акција „Eрен-10“ во областа Ширнак.
„Наши храбри војници, нека ве награди Алах. Го израдувавте нашиот народ“, изјави Сојлу.
Тој исто така порача дека и понатаму се продолжуваат операциите против терористите на тоа подрачје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.