Sena Güler
25 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ВАН (АА) - Во текот на денешниот ден низ цела Турција фатени се најмалку 136 нелегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори истакнаа дека во источната турска област Ван фатени се 98 мигранти, меѓу кои државјани на Авганистан, Пакистан и Бангладеш, во текот на патролирањето на тимовите на жандармеријата во подрачјето.
Тие се препратени во обласната Канцеларија за миграции.
Исто така, во северозападната турска област Едрине, жандармериските тимови задржаа 12 нелегални мигранти кои патувале во две возила во подрачјето на Мерич.
Мигрантите, кои биле државјани на Ирак и Палестина, се препратени во подрачната Канцералија за миграции.
Во друг случај, во јужната турска област Хатај, во подрачјето на Атинозу, фатени се 26 сириски државјани при обид илегално да влезат во Турција.