Tuba Şahin
03 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
АНКАРА (АА) - „Новите податоци за инфлацијата покажуваат дека Турција ќе ги достигне своите цели ова лето“, истакна турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Објавата на министерот Албајрак дојде откако турските органи за статистика објавија дека стапката на инфлација во земјата во април паднала на 19,50 отсто, што е намалување од постоечките 19,71 отсто во претходниот месец.
Албајрак истакна дека годишната стапка на базичната инфлација во месец април паднала на 16,30, од постоечките 17,53 отсто.
„Позитивните движења во индексот на потрошувачките цени покажуваат дека процесот на ребалансирање на турската економија продолжува“, напиша Албајрак на неговиот официјален профил на Твитер.