Hamdi Çelikbaş
11 Декември 2020•Ажурирај: 12 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во 10 различни области низ Турција се извршени операции против тајното структурирање на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во турското Министерство за правда, при што се приведени 29 осомничени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на истрагата против тајното структурирање на оваа терористичката организација во турското Министерство за правда, Дирекцијата за борба против шверцување при Полициската дирекција во Анкара, во координација со Републичкото главно обвинителство во Анкара, спроведе операции за приведување на 33 осомничени, од кои 19 во активна служба, додека останатите 14 биле отстранети од работа.
Операциите се спроведени истовремено во Анкара, Измир, Истанбул, Баликесир, Амасија, Болу, Аксарај, Газиантеп, Испарта, Кахраманмараш и Шанлиурфа.
Во овие рамки приведени се 29 осомничени лица, а операциите за приведување на останатите четири лица продолжуваат.