Zafer Fatih Beyaz
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Ставот на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за прашањето на Нагорно Карабах ги спречи плановите на францускиот претседател Макрон, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи пред новинарите за време на неговата посета на Баку во изминатите два дена, Ердоган рече: „Можеби Франција ќе ги прекине односите со Азербејџа со чекорите што досега ги презеде, разните договори и така натаму. Ова е политичко неискуство.“
Турскиот претседател, осврнувајќи се на неодамнешниот предлог усвоен од Француското национално собрание со кој се повикува француската Влада да го признае Нагорно Карабах, инаку меѓународно призната територија на Азербејџан, како посебна република, рече дека францускиот претседател Емануел Макрон, кој во моментов е претседател на Групата Минск на ОБСЕ, не дал позитивен придонес во процесот.
За победата на Азербејџан во Нагорно Карабах, Ердоган изјави дека таа отворила нова страница во историјата на кавкаските народи и дека историјата на регионот ќе се обликува во нов правец.
„Платформата за спорот за Карабах, на која работи Турција, ќе биде вин-вин иницијатива за сите страни“, рече турскиот претседател.
„Доколку Ерменија се приклучи на овој процес и преземе позитивни чекори, можно е да се отвори ново поглавје во односите меѓу Турција и Ерменија“, додаде тој.
- Санкции против Турција -
„Потегот на Соединетите Американски Држави (САД) за Турција да се соочи со законот наречен CAATSA [Закон за борба со опонентите на Америка преку санкции] е непочитување кон многу важен партнер во НАТО“, рече Ердоган, прашувајќи за причината за ваквиот потег.