Mehmet Tosun
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили, во операцијата „Канџа“, која продолжува во подрачјето на северен Ирак, неутрализираа тројца, додека при воздушните операции во областа Зап неутрализираа двајца терористи на ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение од турското Министерство за одбрана, во операцијата „Канџа“, која успешно продолжува во областа Хакурк во северен Ирак, неутрализирани се уште 5 терористи на ПКК.
Досега, во подрачјето на Хакурк, од почетокот на операцијата „Канџа“ неутрализирани се вкупно 43 терористи.
И во областа Зап, исто така, при воздушни операции на турските безбедносни сили неутрализирани се двајца терористи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.