Zafer Fatih Beyaz
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНКАРА (АА) - Неутрализирани се четворица терористи на терористичката организација ПКК како резултат на судирот што се случи меѓу турските сили и терористите, во рамки на турската антитерористичка операција „Канџа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, настанал судир меѓу терористите и турските сили во рамки на операцијата „Канџа“, која успешно се реализира во подрачјето на Хакурк, што се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во ова соопштение се вели дека како резултат на овој судир неутрализирани се четворица терористи на ПКК.
Во соопштението се нагласува дека вкупниот број на неутрализирани терористи во рамките на операцијата „Канџа“ изнесува 80.