Muhammed Boztepe
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа вкупно 1.528 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на градот Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Војската на Турција соопшти дека турските воздушни сили во изминатите 24 часа уништиле неколку терористички упоришта и неутрализирале најмалку 43 терористи.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на операцијата во Африн неутрализирани се најмалку 1.528 терористи, и дека операцијата се одвива во согласност со планираното.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режимот на Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.