Sinan Uslu
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во четвртокот ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Кабинетот на турскиот премиер, Јилдирим патува во еднодневна работна посета на Берлин, за да се состане со германскиот канцеларка.
Се очекува Јилдирим и Меркел за време на состанокот да разговараат за билатералните односи, но и за сириската криза, борбата против тероризмот и за другите случувања во регионот.