Fatma Esma Arslan
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Фотографиите за кои се тврдеше дека се снимени за време на операцијата ‘Маслинова гранка’ на Турските вооружени сили (ТСК) во сирискиот град Африн, снимени се многу порано и поврзани со други случаи, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако во Африн започна операцијата против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, на социјалните мрежи во тек е кампања за клевета на турските вооружени сили.
На социјалната мрежа Твитер (Twitter) поставена е фотографија на зграда во пламен со напомена дека Турција бомбардира цивилно население во Африн. Се покажа дека фотографијата е снимена за време на пожар на зграда на 26. април 2016 година во подрачјето на Салмија, во Кувајт.

На Фејсбук (Facebook) е споделена фотографија на тенк во пламен, со опис дека во Булбул, подрачјето на север од Африн, е погоден тенк на турските вооружени сили. Споменетата фотографија е снимена во Хан Јунус, на југот од Појасот Газа и тоа на 19 јули 2014 година.

На Твитер е поставена и слика на жена со текст дека е ранета во операцијата, а потоа починала поради студ. Фотографијата и припаѓа на Сиријка која починала од студ при обид со семејството да премине од Сирија во Либан на 18. јануари 2018 година.

Освен тоа, и вчера на одделни профили на социјалните мрежи поставени се фотографии за кои се тврди дека им припаѓаат на дете рането за време на операцијата, за подоцна се утврди дека е снимена во 2016 година и дека нема врска со операцијата во Африн.
Генералштабот на турската војска во неделата наутро потврди дека во саботата е започната операцијата ‘Маслинова гранка’ во регионот на Африн, дека операцијата продолжува според зацртаниот план и дека во неа се вклучени и копнените сили.
„Според планот, операцијата ‘Маслинова гранка’ на теренот се изведува зацртана цел за напад само на терористите и нивните позиции, засолништа, фронтални линии, вооружени мети, возила и опрема, а се преземаат максимални превентивни мерки да не му се наштети на цивилното население”, се истакнува во соопштението на Генералштабот.
Во соопштението се потсетува дека турските сили вчера ја започнале операцијата ‘Маслинова гранка’ во Африн со цел воспоставување безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на териториите окупирани од терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.