Meryem Göktaş
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Речиси 450.000 лица аплицирале за намалување на периодот за отслужување на воениот рок во Турција со плаќање на одредена сума, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, функционирањето на намалувањето на периодот на воен рок продолжува со координација на Министерството за национална одбрана на Турција, Генералштабот и Генералната команда на жандармеријата.
Примањето на апликациите започна на 3 август, а ќе трае до 3 ноември.
Турскиот Парламент на 26 јули ратификуваше закон со кој се овозможува намалување на рокот на служење војска на турските граѓани, преку доплата на одредна сума парични средства.
Законот им овозможува на турските граѓани да го завршат отслужувањето на воениот рок за само 21 ден, наместо за 5,5 или за 12 месеци, доколку се дипломирани студенти, со плаќање одредена сума пари на надлежните власти преку банкарска сметка.
Според законот, на граѓаните родени на или пред 1 јануари 1994 година ќе им биде понудено да отслужат воен рок во траење од 21 ден, доколку платат 15.000 турски лири (2.290 долари).