Sanja Kerazovska
30 Јануари 2026•Ажурирај: 03 Февруари 2026
АГРИ (АА) - И покрај тоа што зимските температури паѓаат и до минус 25 степени Целзиусови, производството на домати продолжува во текот на целата година во источната турска област Агри, благодарение на геотермалната енергија што се употребува за затоплување на оранжериите, јавува Анадолу.
Лоцирана во округот Дијадин, специјализираната индустриска зона на геотермално затоплени стаклени градини ги користи богатите геотермални ресурси за одржување на оптималните услови за одгледување дури и во најсуровите зимски месеци.
Објектот со кој управува специјалната администрација на областа Агри моментално располага со две стаклени градини, каде што се одгледуваат оранжериски домати во текот на целата година со помош на геотермално затоплување.
Работниците продолжуваат со берба и пакување на зрелите домати и покрај екстремно ниските температури надвор, обезбедувајќи непрекинато производство.
Округот Дијадин е познат по својот значителен геотермален потенцијал, што овозможува земјоделието да нуди одржливо производство во област со прилично сурови зимски услови.