Uğur İslamoğlu
03 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Откриени се снимки на 10 лица од Иран кои подготвувале акција против Израелци во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжува истрагата во врска со 10 ирански осомничени лица фатени од страна на турската Национална разузнавачка служба (МИТ) и тимовите на разузнавањето и антитерористичкиот оддел на полициската управа во Истанбул за планирање наводен атентат на израелски граѓани во Истанбул.
Утврдено е дека осомничените се засолнувале во хотели и куќи кои ги изнајмувале на дневна основа во различни квартови. Некои во Туркије (Турција) влегле со лажни пасоши и постојано користеле различни возила за да не бидат фатени.
Стотици снимки од безбедносните камери што ги прегледала полицијата ги покажуваат моментите кога осомничените следеле израелски туристи на различни места и ги истражувале хотелите каде што престојуваат.
- Историја на настанот -
Вкупно 10 Иранци се приведени со образложение дека подготвувале акција против израелски државјани во Туркије во операции на МИТ и полициските екипи на 23 јуни.
При претресите извршени на адресите, одземени се 3 пиштоли, 3 пригушувачи, 2 ласерски апарати, 42 куршуми, разни видови и количества дрога, 6 лажни пасоши, пари, дигитален материјал и организациски документи.
Исто така, запленет е и мотоциклот којшто требало да се користи при атентат.
По постапката за давање искази, 7 од осомничените се приведени, а за 3 лица применети се одредбите за судска контрола.