Sevgi Ceren Gökkoyun
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
АНКАРА
Министерот за земјоделие и шумарство на Република Турција, Бекир Пакдемирли, соопшти денес дека сите шумски пожари во таа земја се под контрола, освен оние во местата Милас и Ќојџегиз, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите пожари во нашата земја се ставени под контрола, освен оние во Милас и Ќојџегиз“, порача Пакдемирли преку социјалната мрежа Твитер.
Турскиот министер им се заблагодари на сите учесници во акциите за гаснење на шумските пожари во таа земја.